Џан Пјеро Гасперини не се согласува дека навредите кои навивачите на Аталанта ги упатија кон напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ се расистички напади, туку се само навреди „кон одредена личност“.
2:0 победата на Јувентус беше во сенка на постојаните навреди кон Влаховиќ со извиците „циган“, за што мечот еднаш беше прекинат, а откако тој постигна убав гол во 99. минута, ги замолчуваше навивачите. Гасперини застана зад своите навивачи.
„Аталанта има играчи како Марио Пашалиќ, Берат Џимшити и од други националности. Расизмот е сериозна работа, така што мораме да направиме јасна разлика помеѓу навреда кон одредена личност, до специфично расистичка навреда. Има голема разлика“, вели Гасперини.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не се согласува.
„Не е до мене да кажувам, има луѓе кои се одговорни. Само ќе кажам дека Душан играше многу добро и дека не е во ред така да биде навредувам. Ние како фудбалери и тренери мораме да се обидеме да ги игнорираме овие работи, има луѓе кои се одговорни“, изјави Алегри.
#Gasperini così su #Vlahovic @nonleggerlo pic.twitter.com/Q6s9OmmBja
— Davide Montesanto (@DavMon76) May 7, 2023
#SerieA | Dagli insulti razzisti a #Vlahovic agli infortunati: le parole di #Gasperini al termine del match tra @Atalanta_BC e @juventusfc https://t.co/VEK3kk6ScU
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) May 7, 2023