Top Sport

Марсело се враќа дома, се договорил со Флуминенсе

Капитенот на Реал Мадрид, Марсело (33), по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.

Марсело има намера да се врати во Бразил и тоа во клубот каде што ја започна кариерата. „Оле“ тврди дека Марселова се договорил со Флуминенсе.

Марсело во Реал пристигна пред 15 години, со клубот освои 22 титули, меѓу кои четири во Лигата на шампионите.

Scroll to Top