Џенаро Гатузо е изненаден што Хакан Чалханоглу станал „комплетен играч“ откако тој ја презеде тренерската улога во Милан.
Турскиот напаѓач имаше непријатен старт на кариерата на „Сан Сиро“, откако Милан плати 22 милиони евра за фудбалерот на Баер Леверкузен. Но, претходниот тренер на „росонерите“, Монтела не му даваше многу шанси на Турчинот, а со промената на тактиката на Гатузо, ситуацијата се смени.
„Според мене, целиот тим е подобрен, но искрено не очекував Хакан толку да се покаже. Тој има само 24 години и навистина ме импресионираше бидејќи е комплетен играч. Секогаш ќе се обидам да го поставам најдобриот тим на теренот и сега сум задоволен од посветеноста“, вели Гатузо пред мечот со СПАЛ.