Top Sport

Гатузо: Да се предавав, ќе бев дома со моите деца и моите кучиња

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо целосно ги отфрли шпекулациите во италијанските медиуми дека веќе е направена одлука тој да биде заменет на клупата на „росонерите“, велејќи дека е подготвен да се бори до крај.

Милан има освоено само пет поени во последните седум мечеви и ризикуваат повторно да не се пласираат во Лигата на шампионите бидејќи се само на седмото место. Гатузо одговори со „принуден тренинг“ за неговиот тим пред понеделничкиот меч со Болоња на „Сан Сиро“, но луто одговори на прашањата за неговата иднина.

„Нормално е да се зборува откако ќе освоите само пет поени во седум кола. Но, дали мислите дека јас ќе се предадам? Погледнете ја мојата историја, секогаш сум се борел последните 17 години. Кога нема да имам желба, подобро ќе останам дома со моите деца и моите кучиња и ќе уживам во животот. Во тешките моменти тренерот е првиот кој го распнуваат, но не е вистина дека сум се откажал, ниту дека сум добил отказ. Сега гледам само кон Лигата на шампионите, а имам две години од договорот. За мене не постои зборот ’оставка’“, вели Гатузо.

Scroll to Top