Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, може да биде презадоволен од формата на своите играчи кои не се поразени на последните 12 натпревари во сите натпреварувања.
Гатузо со Милан избори пласман во ослинафиналето во Лига Европа, со Лацио се бори за пласман во финалето на италијанскиот Куп, а по синоќеѓниот триумф над Рома се доближи до четвртата позиција која води во Лигата на шампионите.
Една од целите на Милан е титулата во Лига Европа, а противник во осминафиналето на Милан ќе му биде Арсенал. Првиот натпревар ќе се одигра на 8.март во Милано.
Вчера Милан славеше во Рим против Рома 2:0, додека Арсенал беше убедливо поразен во финалето, во Лига купот од Манчестер Сити 0:3.
„Арсенал беше поразен но ние не сме Манчестер Сити. Ние ќе мора да ги ставиме кацигите на главите и да тргнеме во борба“, рекол Гатузо.
Милан пред пресметката со Арсенал го очекуваат два тешки натпревари, во среда против Лацио во Рим ќе го одигра полуфиналниот меч во Купот на Италија (првиот натпревар заврши (0:0), а потоа в недела градското дерби против Интер.
„Во среда играме важен натпревр во кој имаме јасна цел, пласман во финалето. Потоа ќе размислуваме за Интер, Арсенал и останатите“, дополнил тренерот на Милан.