Top Sport

Гатузо ќе биде новиот тренер на Олимпијакос

Џенаро Гатузо ќе биде новиот тренер на Олимпијакос. Темпераментниот Италијанец ги започнал преговорите со клубот. Олимпијакос, сезоната во Грција ја заврши на третото место зад Панатинаикос и шампионот АЕК.

Сезоната 2022/2023 е исклучително неуспешна за Олимпијакос, клуб кој во послесните 24 години, 20 пати бил шампион на Грција. Клубот од „Караискакис“ стадионот испадна и од Купот, за трофејот ќе се борат АЕК и ПАОК.

Јасно е дека во Олимпијакос ќе се случи реконструкција во летниот преоден рок. Челниците прво сакаат да ја решат тренерската позиција. Гатузо е најсериозен кандидат. Тој е без работа од октомври кога доби отказ во Валенсија.

Гатузо има искуство во грчкиот шампионат, една сезона бил тренер на ИФИ од Крит. Инаку во кариерата бил тренер и во Сион, Палермо, Пиза, Милан, Наполи и Валенсија.

Единствениот трофеј го има освоено со Наполи, кога триумфираше во Купот на Италија.

Scroll to Top