Top Sport

Гатузо: Ме распнаа на социјалните мрежи за глупости

Џенаро Гатузо инсистира дека не е расист и сексист, велејќи дека против него имало организирана интернет кампања за да не стане менаџер на Тотенхем.

Откако Тотенхем не успеаја да се договорат со Пауло Фонсека, а Гатузо си замина по 23 дена од Фиорентина, лондонскиот клуб почна преговори со Гатузо, по што на Интернет дел од фановите на Тотенхем се спротиставија на неговото поставување вадејќи негови стари контроверзни изјави за истополови бракови и жени во фудбалот.

Гатузо, во интервју за весникот „Ла република“, вели дека работите се извадени од контекст и дека непријателството на навивачите на Тотенхем доаѓа од инцидентот на меч од ЛШ против Милан во 2011, кога Гатузо за малку ќе се пресметаше со тогашниот помошник-тренер, Џо Џордан.

„Тешко е да се поверува дека моите коментари беа вистинската причина, изгледа дека сите во умот ја имаа тепачката со Џо Џордан во 2011. Сигурно не сум расист, сексист, ниту хомофоб – тие стари изјави се погрешно интерпретирани. Зошто не ги прашате моите поранешни луѓе и тие на кои сум им бил тренер? Не можам да трошам време на глупости. Омразата на социјалните мрежи е опасна и потценета. Јас сум јавна личност и имам сила да одговорам, но не се сите во таква позиција. Некој може да се фрли низ прозорец ако е послаб. И никој не прави ништо. Не живеам во минатото, имам ќерки кои користат социјални медиуми, но не го сфаќам егзбиционизмот. Зошто би ставил фотографија ако сум на брод или во ресторан со семејството? Сакам да им порачам на младите да го живеат својот живот“, вели Гатузо.

Scroll to Top