Top Sport

Гатузо: Мистер или Рино, господинот е на небото

Новиот тренер на Валенсија, Џенаро Гатузо имаше интересна дискусија со шпански новинар, во која објасни зошто сака да го викаат „или Мистер или Рино“.

Поранешниот тренер на Милан и Наполи, кога еден новинар му се обрати со „Señor Gattuso“, нешто што се преведува како господин, но и како Бог, објасни дека преферира да го викаат според прекарот Рино, или со Мистер, како што вообичаено се именуваат тренерите во Италија.

„Викајте ме Мистер или Рино, бидејќи господинот е на небото“, одговори Гатузо, кој потпиша тригодишен договор со клубот од „Месталја“.

Scroll to Top