Top Sport

Гатузо: Му дадов повеќе „заушки“ на Пирло од неговиот татко!

Утре на „Мапеи“ ќе се одигра Суперкупот на Италија, каде што ќе се судрат Јувентус и Наполи, клубови на чие чело во моментов се долгогодишните пријатели Андреа Пирло и Џенаро Гатузо, поврзано со некои од најлегендарните анегдоти во модерниот италијански фудбал.

Гатузо беше колега со Пирло во Милан, но и во италијанската репрезентација и вели дека без разлика на ривалството на теренот, тоа пријателство ќе продолжи.

„Почнавме заедно на 15-16 години, ја освоивме У-21 титулата, Светското првенство, се што можеше да се освои. Тој беше многу важен за мојата кариера, но и јас му помогнав, бидејќи тој почна како ‘треквариста’ и се смени во играч од средниот ред. Остануваме големи пријатели, со многу одлични моменти на теренот и надвор од него. Утре имаме фудбалски меч, подоброиот нека победи, пријателството ќе продолжи. Тој во својата книга напиша за сите шеги кои ги правеше на моја смета, и мислам дека сум му дал повеќе ‘заушки’ од неговиот татко. Зборувавме многу по мечевите, беше навистина здодевен, но сега мислам дека е зафатен. Двајцата имаме слична визија на фудбалот, двајцата сакаме да играме од одбраната и да бараме нешто ново како што ги гледавме шпанските екипи“, објаснува Гатузо.

Јуве пристигнува на мечот по 2:0 поразот од Интер и големите критики за Пирло, но Гатузо вели дека тоа не ги става нив во предност.

„Никогаш не смеете да дозволите Јуве да помириса крв. Тие доминираа во Серија А девет години, го имаат најсилниот менталитет и подготвени се за секоја ситуација. Затоа не смееме да се опуштиме. Нашиот идентитет е поинаков од пред шест месеци, но и тој на Јуве. Финалето носи адреналин, што е потребно оваа сезона кога сите во Европа играат во поинаков спорт. Имаме меч секои три дена, има страв во воздухот, тензија во соблекувалната и дома, најмногу поради КОВИД. Уби милион луѓе, така што стравот е нормален“, додава тренерот.

Гатузо му посака добредојде на Пирло: Сега е „за.бан“

Гатузо призна дека изел жив полжав за да „се намали тензијата“

Scroll to Top