Top Sport

Фановите се чудат колкав се „направил“ Фернандо Торес

Фернандо Торес од неодамна ја почна својата тренерска кареира со Б-тимот на Атлетико Мадрид во третата лига, и дел од фановите ja забележија целоснaта трансформација на неговото тело со огромни мускули и рамења.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Челси и Атлетико Мадрид стави крај на кариерата во 2019 година како фудбалер на јапонскиот Саган Тосун и оттогаш очигледно работел на своите мускули. Сега, тој изгледа далеку поразлично од своите најдобри фудбалски денови, кога физичката сила не беше неговиот најголем квалитет.

Трансформацијата наликува на таа на фудбалерот на Баерн Минхен, Леон Горецка, или на неверојатниот Адама Траоре од Вулверхемптон.

Мускулестиот Траоре вели: Не кревам тегови! (видео)

Лудата физичка трансформација на Леон Горецка

 

Scroll to Top