Унгарскиот преставник во регионалната СЕХА лига, тимот на Веспрем славеше убедлив триумф против битолски Еурофарм Пелистер во нивниот осми меч во ова натпреврување. Унгарската екипа победи со 35-24 откако на полувреме беше 17-10, а со тоа се одмазди за единствениот досегашен пораз токму од битолската екипа со 26-24.

Со новите бодови Веспрем се зацврсти на лидерската позиција во групата Б во СЕХА со 21 бод од 8 натпревари, додека македонскиот претставник во регионалното натпреварување по 9 одиграни кола има скор од 3 победи и 6 порази.

Кој ќе ги однесе бодовите се виде уште на самиот старт, по феноменалната серија од 6-0 во воведот на мечот. По високите +7 на полувреме, наместо да запре, тренерот на Веспрем Давид Дејвис во игра ги пушти првотимците, па разликата во еден момент отиде на + 13, на семафорот стоеше 28-15.

Тоа беше знак за посмирено темпо, рутинирана игра до крајот и конечни 35-24.

Најпрецизни во унгарскиот тим беа Нилсон и Гајиќ со по 5 гола, додека нашиот Манасков, заедно со Штрлек и Борозан по четирипати се запишаа во листата на стрелци.

Кај Еурофарм Пелистер „прва виолина“ беше Петровски со 4 гола.