Top Sport

Гатузо: Се преправам дека сум смирен! (видео)

Пред неделниот меч во Серија А против Парма, тренерот на Милан, Џенаро Гатузо призна дека воопшто не е смирен од деновите кога беше фудбалер, и дека по една година на клупата на „росонерите“ се преправа дека е смирен за да не влијае лошо на фудбалерите.

40-годишниот Гатузо беше именуван за наследник на Винченцо Монтела минатиот ноември и формата на клубот е променлива, иако се на само еден поен од местата кои носат во Лигата на шампионите во Италија. Како фудбалер, Гатузо беше познат по неговите конфликти на теренот и пред неделниот меч вели дека ич не е сменет.

„Се преправам дека сум смирен, но тоа не е во мојот речник. Живеам на ист начи како кога бев фудбалер. Работам напорно, сакам да бидам подобро, но се обидувам да не реагирам на секоја искра и бројам до 10. Уште не сум таму. Велеа дека треба да добијам искуство и да пораснам. На 9 јануари ќе наполнам 41 година и се надевам дека сум малку позрел“, вели Гатузо.

Фото: ЕПА

Scroll to Top