Џенаро Гатузо признава дека секој ден чита дека неговата работа како тренер на Милан е неизвесна, по постојаните шпекулации дека новата управа на тимот сака да го замени со Антонио Конте.
Иако Гатузо добил уверување од новиот генерален менаџер на Милан, Леонардо, дека ќе остане на својата позиција, тренерот признава дека шпекулациите пред стартот на сезоната можат да предизвикаат лоша атмосфера во тимот. Милан вечерва игра со Тотенхем во САД.
„Момците постојано се на телефон со мене. Ќе одат на Интернет ќе прочитаат нешто и ќе разговараат со сопствениците. Така беше и кога јас бев фудбалер. До крајот на преодниот рок, секогаш има шпекулации и тоа носи лошо расположение. Напаѓачите секогаш мислат дека друг напаѓач ќе дојде на неговото место, играчите од средниот ред исто така. Дури и јас, секој ден читам дека ќе добијам отказ. Морам да ја задржам смиреноста“, вели Гатузо.