Top Sport

Потпретседателот на Еспањол одговори: Пике ќе каже нешто интелигентно еден ден

Жерард Пике во четвртокот навечер имаше „експлозивно“ интервју на шпанската телевизија, кога изјави дека неговото лично богатство е поголемо од буџетот на градскиот ривал Еспањол, нешто што не наиде на добар одзив кај навивачите на „вториот“ клуб од Барселона.

Потпретседателот на „Лос перикос“, Карлос Гарсија-Понт мораше да му одговори на Пике, коментирајќи дека не е загрижен за коментарите на ветеранот на Барселона.

„Тој е фудбалер кој понекогаш ги охрабрува навивачите да се караат, наместо да го промовира спортот, така што нема да му дадам на значење. Тие коментари не треба да се сфаќаат сериозно, бидејќи еден ден и тој ќе каже нешто интелигентно. Ако сакаше да си каже шега да се насмее, нека се смее“, изјави Гарсија-Понт.

Сепак, очигледно Еспањол не можеше да ги ингорира овие коментари, откако пред саботното дерби меѓу двата тима, тие на социјалните мрежи дадоа директен одговор.

„Нашите фанови, нашиот тим кој го дава максимумот, нашите 119 години историја, нашата 21. минута, нашата академија, нашата почит кон ривалите и нашите сино-бели срца. Тоа е нашето богатство и вредност, кое не се мери во евра“, пишуваше во пораката.

Навивачите на Реал и Еспањол ќе збеснат од изјавите на Пике

Scroll to Top