Шпанскиот стручњак Гонзало Гарсија ќе стане нов тренер на Хајдук од Сплит.
Како што објавува хрватскиот „Индекс“, актуелниот тренер на Истра пристигнува во Сплит и сè треба да биде завршено до вторник.
„Договорот сè уште не е потпишан, што значи дека ситуацијата може да се промени, но тоа е малку веројатно. Гарсија би можел официјално да биде претставен до крајот на неделата“.
Гарсија ќе го замени Италијанецот Џенаро Гатузо, кој го водеше Хајдук во текот на оваа сезона.
Гарсија со Истра заврши на шестото место, само еден бод помалку од Вараждин, кој е четврти. Во 18 натпревари од вториот дел од сезоната, тој загуби само три пати, а покрај тоа, имаше седум победи и осум нерешени резултати.
Покрај Истра, тој го водеше и Твенте, како и португалската Арука.