Барселона активно работи на нови трансфери и во исто време се обидува да потпише нов договори со двајца играчи кои се од непроценлива важност за тимот. Барса има проблем со финансиите, поради што во клубот се насочија кон играчи кои ќе бидат слободни по завршувањето на сезоната. Веќе е познато дека од наредната сезона играчи на Барселона ќе бидат Андреас Кристенсен и Фрак Кеси. Според најавите, како слободни играчи во Барселона ќе пристигнат Мазрауи од Ајакс и Аспиликуета од Челси.
Барселона се уште има проблем со финансискиот фер-плеј, односно со буџетот за плати што го бара Ла Лига.
Поради тоа клубот не може да им понуди високи плати на фудбалерите. Барселона нема пари за да го задржи Усман Дембеле, а медиумите пишуваат дека можно е клубот да го напуштат Гави и Роналд Араухо. За тренерот Чави, приоритет е клубот да го продолжи договорите со нив двајца.
Гави има 17 години, годишна плата од 100.000 евра и оштетна клаузула од 50.000.000 евра. Англичаните тврдат дека Ливерпул му понудиле годишна плата од 7.000.000 евра.
Араухо има договор до јуни 2023 година, годишно заработува помалку од 1.000.000 евра. За Уругваецот интерес покажале Арсенал и Манчестер јунајтед. Арсенал подготвиле плата од 6.000.000 евра, додека понудата на Јунајтед била уште подобра, 8.000.000 евра по сезона.