Новата тинејџерска ѕвезда на Барселона, 17-годишниот Гави го сметаат за еден од најголемите европски таленти, и дел од фановите забележаа дека тој постојано игра со одврзани врвки на своите копачки.
Дел од навивачите сметаа дека се работи за некоја суеверност или ритуал за подготовка за меч, но според шпанскиот новинар Марк Марба Пратс, причината е многу едноставна – тој не знае да ги врзува врвките!
„Гави игра со одврзани врвки од својата младост, бидејќи не знае убаво да ги врзе. Но, тоа не му пречи“, вели Пратс.
И неговите соиграчи се шегуваат на сметка на Гави. Нико Гонзалез неодамна на Инстаграм објави фотографија на која тој се обидува да му ги врзе врвките со порака: „Време е да научиш“.
? | @marcmarba: “Gavi has been playing with his laces untied since he was very young, it’s because he doesn’t know how to tie them well. He doesn’t care and he plays like that.” pic.twitter.com/VSd9itc0bE
— La Senyera (@LaSenyera) December 18, 2021