Top Sport

Каков татко, таков син! Вудс јуниор стана хит на Интернет

Фановите на голфот реагираа со воодушевување откако Тајгер Вудс заедно со неговиот 12-годишен син Чарли Вудс го освоија второто место на ПНЦ шампионатот, турнир кој го освоија Џон Дејли и неговиот син Џон Дејли јуниор.

Чарли Вудс, сепак, беше вистинската ѕвезда на натпреварувањето, откако многумина го споредуваа стилот на ударите и манирите кои ги имаат двајцата и предвидувањата се дека Вудс јуниор, кој е син на Вудс и на поранешната шведска манекенка Елин Нордегрен, ќе има блескава кариера.

Scroll to Top