Големиот талент на Барселона, Гави, ја одби првата понуда на клубот за нов договор. По неколкумесечни преговори, каталонскиот клуб даде официјална понуда која е околу 2 милиони евра по сезона. Сумата е далеку од барањата на играчот, кој инсистира на четиригодишен договор и зголемување на платата, почнувајќи од 4 милиони годишно и да се зголемува за 1 милион евра секоја година.
Финансиската состојба на Барселона го спречува клубот да понуди големи плати и ова може да биде кобно за иднината на некои играчи во клубот. Гави сака да остане на „Камп Ноу“ и да продолжи да работи со Чави, но и да добива соодветна плата.
За него интерес има од Ливерпул, кој е подготвен да ја плати неговата откупна клаузула која изнесува 50 милиони евра. „Црвените“ подготвија многу подобар финансиски пакет за играчот и плата од 9 милиони евра по сезона. Последните информации беа дека се откажале, бидејќи Гави нема намера да ја напушти Барса, но развојот на преговорите помеѓу фудбалерот и Барселона може да ги промени работите.