Top Sport

Газдата на Челси има идеја да го купи Лео Меси

Сопственикот на Челси, Тод Боели, има идеја да се обиде да ја доведе ѕвездата на Пари Сен Жермен, Лионел Меси на „Стемфорд бриџ“ претстојното лето. 35-годишниот Аргентинец ќе го напушти „Паркот на принцовите“ како слободен агент на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот. Затоа, американскиот бизнисмен сака да ја искористи ситуацијата и да го убеди да го облече дресот на Челси, тврдат медиумите на Островот.

Барселона е фаворит за привлекување на Меси, затоа што фудбалерот дава јасни сигнали дека сака да се врати во клубот каде го мина најголемиот дел од кариерата. Проблемот е што Каталонците имаат сериозни потешкотии да му обезбедат пристојна плата, а тоа може да ги запре преговорите меѓу двете страни. Покрај тоа, интерес за Меси има и од Саудиска Арабија, иако Аргентинецот не е особено заинтересиран за таква опција.

Сега и Челси се вклучува во редот за неговиот потпис. Проблемот за „сините“ е што и тие немаат со што да го воодушеват. Тимот нема да игра во Европа следната година, а големата плата на напаѓачот, исто така, може да биде проблем бидејќи лондончани не можат да продолжат со големите трошења ако сакаат да ги исполнат барањата за финансиски фер-плеј.

Scroll to Top