Top Sport

(ВИДЕО) Букер и Дурент блеснаа во триумфот на Феникс, втора победа за Бостон

Тимот на Бостон Селтикс вторпат ја победи Филаделфија, овојпат на гости со 102:114 и сега има водство во серијата со 2:1. Во тесен натпревар, втората четвртина беше одлучувачка, а гостите ја добија со 29:21.

Џејсон Тејтум со 27 поени го предводеше Бостон на овој натпревар, а најефикасен на мечот беше Џоел Ембид, кој уфрли 30 поени.

Кошаркарите на Феникс санс намалија на 2:1 во серијата против Денвер, добивајќи го првиот натпревар на домашен терен со 121:114.

Девин Букер беше одличен и постигна 47 поени, а Кевин Дурент го придружуваше со 39 поени. Тие беа најзаслужни за победата на домашниот тим.

Кај Денвер, Мареј со 32 и Јокиќ со 30 поени беа најдобри стрелци. Србинот постигна трипл дабл со дури 17 реализирани асистенции, но и тоа не беше доволно за успех.

Scroll to Top