Top Sport

Газдата на Хал ќе носи 500 фанови на одмор во Турција!

Новиот газда на англискиот второлигаш Хал сити, Аџун Илиџали објави дека ќе чести 500 фанови на клубот со одмор во Турција на крајот на сезоната.

Илиџали, кој ги купи Хал во јануари, планира да ги награди своите верни фанови со ол-инклузив годишен одмор во Анталија, Турција. Тие кои имаат најмногу посети на натпреваари ќе учествуваат во лотарија за да бидат дел од петдневниот одмор.

„Си помислив што можеме да направиме нашите фанови да се чувствуваат посебно. Сакам да си навивач на Хал сити да биде привилегија. Ќе имаме приватен чартер од Хамберсај до Анталија. Пет дена во хотел со пет ѕвездички. Сите ќе си заминат со прекрасни сеќавања. Не можам да го кажам целосниот број, но први ќе бидат тие кои биле најчесто на натпревари, бидејќи го заслужуваат тоа“, вели Илиџали, кој е газда на „Аџун медија групацијата“.

Хал во моментов се 20. во Чемпионшип со добри шанси да опстанат во втората лига.

Scroll to Top