Top Sport

Газдата на „Луј Витон“ го купува Милан

Вториот најбогат човек во светот, сопственикот на модниот бренд „Луј Витон“, Барнар Арно сакал да го купи фудбалскиот клуб Милан, пишува „Ла Република“.

Милан се далеку од славните денови, деновите кога газда беше контроверзниот Силвио Берлускони. Неуспешната авантура со кинескиот сопственик, на чие место дојде американскиот инвестициски фонд „Елиот“, го ставија клубот во италијанскиот фудбалски просек.

Според „Ла Република“, Арно чие богатство е проценето на 97 милијарди евра, имал намера да им понуди „Елиот“ една милијарда за фудбалскиот клуб Милан.

Истиот извор тврди дека кога Арно ќе застанел на чело на клубот за тренер би го поставил Масимилијано Алегри. Токму со Алегри Милан во сезоната 2011/2012 ја освоија последната титула во Италија.

„Арно е единствениот човек кој може да го наговори Алегри да ги одбие понудите на Пари Сен ѓермен и Реал Мадрид“, пишува весникот.

Scroll to Top