Францускиот милијардер Бернар Арно, сопственикот на „Луј Витон“ и „Дом Перињон“, се обидува да го преземе седумкратниот европски шампион Милан, јавува италијанскиот весник „Ил месаџеро“.
Арно, кој тежи околу 90 милијарди евра, нуди фантастични 900 милиони евра на американската инвестициска компанија „Елиот менаџмент“, која го „наследи“ тимот откако претходниот сопственик, Кинезот Ји Јонгхонг не ги плати долговите кои ги имаше за компанијата.
Тие не сакаат да го продадат клубот, и веќе ги одбиле понудите од 550 и 700 милиони евра, но францускиот магнат верува дека последната понуда ќе донесе успех и тие ќе бидат убедени од неговиот амбициозен план.
Арно ветува големи засилувања за „росонерите“, нови спонзори и вложување на огромни средства во академијата на италијанскиот клуб.