Сопственикот на Ливерпул, американскиот бизнисмен Џон Хенри инсистира дека славниот англиски клуб не е на продажба, туку дека компанијата „ФСГ“ само бара нови инвеститори.
Во ноември, „Фенвеј спортс груп“ објавија дек бараат нови инвеститори во обид за рекапитализација, но повеќе англиски медиуми тврдеа дека се размислува и за целосн продажба на клубот. „Црвените“ се проценети на 3.75 милијари фунти и повеќе инвеститори од Саудиска Арабија и Катар беа заинтересирани за преземање на клубот.
Но, сега, Хенри, кој ретко дава изјави за јавноста, појасни дека во блиска иднина нема да дојде до продажба на клубот, одговарајќи прашања од новинарите кои го следат безбол тимот, Бостон ред сокс, кои исто така се во нгова сопственост.
„Знам дека имаше многу разговори и цитирани изјави за ЛФЦ, но јас ќе останам на фактите: ова е само формализирање на постојан процес. Дали ќе бидеме во Англија засекогаш? Не. Дали го продаваме ЛФЦ? Не, зборуваме со инвеститори за ЛФЦ. Верувам дека нешто ќе се случи во тој план, но нема да биде продажба. Дали сме продале нешто последните 20 години?“, одговори Хенри.