Top Sport

Меси донираше половина милион евра за фондацијата „Гарахан“

Лионел Меси преку сопствената фондација која го носи неговото име донираше 500.000 евра за медицинска опрема за борба против корона вирусот.

Меси ги донираше парите на фондацијата „Гарахан“, кои обезбедуваат заштитна опрема за здравствените работници, и со парите ќе се осигура опрема за седум болници во Буенос Аирес, Санта Фе и Росарио.

„Благодарни сме за ова признание на нашата работа, донација со која можеме да ја продолжиме посветеноста кон јавното здравје во Аргентина“, изјави докторката Силвија Касаб, извршниот директор на фондацијата.

Scroll to Top