Top Sport

Газдите на ПСЖ го купуваат Лидс Јунајтед

Qatar Sports Investments (QSI), сопственик на францускиот шампион Пари Сен Жермен, многу веројатно насокоро во сопственост ќе го има и Лидс Јунајтед, објави ЕСПН.

Според овој извор, договорот се уште не бил постигнат, но интензивните преговори што ги имале двете страни се движеле во позитивна насока. Преговорите ќе продолжеле и во наредните денови.

Најголема пречка околу постигнувањето на договор за продажбата на клубот со богата историја била неизвесноста околу Брегзитот.

Сопственикот на Лидс Јунајтед, Андреа Радриџани претходно изјавил дека одбил околу 20 понуди за да го продаде клубот и дека од нив одбрал три. Една од тие три понуди испратил шеикот од Катар.

Лидс Јунајтед чии дрес го носи македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски, се наоѓа на третото место во Чемпионшип со два бода помалку од лидерот Вест Бромвич Албион.

Scroll to Top