Top Sport

Познати се 19 учесници на ЕП, Македонија ќе се обиде преку баражот

Познато е дека 19 репрезентации обезбедија пласман на ЕУРО 2020, еден тим вечерва ќе се пласира на континенталниот шампионат, а последните четири места ќе бидат пополнети на пролет. Македонија се надева дека едно од тие четири места ќе успеа да го обезбедат избраниците на селекторот Игор Ангеловски.

Вечерва ќе завршат квалификациите за пласман на ЕУРО 2020. Дилемите се решени околу патниците низ фазата про групи, исклучок е Е-групата. Во оваа група сигурна е Хрватска, а за второто место се борат Велс, Унгарија и Словачка.

На табелата Унгарија има 12 бода, Велс 11, а Словачка 10. Вечерва Велс ќе ја пречека Унгарија, а Словачка ќе игра против Азербејџан. Победникот на натпреварот во Кардиф ќе избори пласман на ЕП, нерешен резултат на дуелот Велс-Унгарија и победа на Словачка ќе ги однесе на првенството Словаците. Словачка има подобра меѓусебен скор во дуелите со Унгарија.

Пласман на ЕУРО 2020 изборија:

Група А: Англија, Чешка
Група Б: Украина, Португалија
Група Ц: Германија, Холандија
Група Д: Швајцарија, Данска
Група Е: Хрватска, ?
Група Ф: Шпанија, Шведска
Група Г: Полска, Австрија
Група Х: Франција, Турција
Група Ј: Италија, Финска

Македонија не успеа низ Г-групата да се пласира на ЕУРО 2020, а вечерва со победа над Израел и пораз на Словенија во Полска ќе го обезбеди третото место во групата. Македонија шансата за пласман на првенството ќе ја бара во март, преку баражот во Лигата на нации.

Македонија ќе му биде домаќин на Косово, а доколку победи ќе за пласман на ЕП ќе игра против победникот од натпреварот Белорусија-Грузија.

Scroll to Top