Top Sport

Покетино решил да замине од Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем Маурицио Покетино донел одлука да го напушти клубот објави „Дејли Мејл“. Како што се наведува прашање е само кога Аргентинецот ќе замине од Лондон, бидејќи намерите веќе им ги кажал на своите пријатели.

Лошите резултати оваа сезона, минималните шанси Тотехем да се пласира во Лигата на шампионите наредната сезона се причината поради која првиот човек Даниел Леви ќе бараат решение за излез од кризата.

Наводно во кругот на најсериозни кандидати за нов менаџер на Тотенхем биле Еди Хоу од Борнмут, Карло Анчелоти од Наполи и Јулијан Нагелсман од Лајпциг.

Од друга страна на Покетино нема да му биде тешко да најде нова работа. Минатото лето тој се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, Јувентус, Реал и Пари Сен Жермен.

Фудбалерите на Тотенхем викнедов ќе играат против Вест Хем. Во дуелот ќе влезат од 14 место на табелата.

Scroll to Top