Катар спортс инвестментс (QSI), компанијата која го поседува Пари Сен-Жермен е заинтересирана за преземање на Манчестер јунајтед, Тотенхем или Ливерпул, јавувааа „Блумберг њуз“.
Насер Ал-Хелаифи, претседателот на QSI, неодамна преговарал со претседателот на Тотенхем, Дниел Леви за потенцијално купување на клубот, во моменти кога американските газди на Манчестер јунајтед и Ливерпул објавија дека ги продааваат клубовите. Семејството Глејзер неодамна потврди дека бара инвеститори или купувачи за 20-кратниот англиски шампион, Јунајтед, а и газдите на Ливерпул, Фенвеј спортс груп (FSG) исто така размислуваат за слична опција.
Покрај Пари Сен-Жермен, катарските газди имаат и акции во португалскиот клуб Брага.
EXCLUSIVE: Manchester United, Liverpool or Tottenham Hotspur are among England’s top Premier League clubs being targeted by Qatar, sources say https://t.co/RKHRVX5lv4
— Bloomberg (@business) January 9, 2023