Американските газди на Рома, Ден и Рајан Фридкин стануваат нови сопственици на францускиот четвртолигаш Кан, јавува „Атлетик“, најавувајќи дека тие ќе го следат примерот на Манчестер сити и Пари Сен-Жермен мрежа на клубови.
Семејството Фридкин е газда на Рома од летото 2020 година, и оттогаш вложија многу средства во клубот, иако трансферите се ретки поради ограничувањата од финансискииот ферплеј. Според „Атлетик“ и „Л’Екип“, тие преговарале за купување на Кан повеќе од една година, откако клубот исто така падна во финансиска криза и падна во четвртата лига.
Оваа недела, газдата на Челси, Тод Бели го купи францускиот прволигаш Стразбур, а газдите на Милан, „Редбрд“ уште се сопственици и на францускиот Тулуз.
Roma owner the Friedkin Group has become the latest American investor to embrace the multi-club model by buying French fourth-tier side Cannes.
More from @mjshrimper https://t.co/PoiD4fQTe6
— The Athletic | Football (@TheAthleticFC) June 24, 2023