Реал Мадрид, во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС), обајви „АС“, повикувајќи се на пишувањата на „Газета дело Спорт“.
Спрскиот репрезентативец, игра добро и оваа сезона во дресот на Лацио. Досега постигнал седум гола и забележал десет асистенции. Според „Газета дело Спорт“, покрај Реал за него интерес покажувале Манчестер јунајтед и ПСЖ.
„АС“, наведува дека Реал, ова лето, мора да најдат долгорочна замена за Лука Модриќ, кој најверојатно ќе одигра уште една сезона, а потоа ќе се повлече.
Медиумите шпекулираат дека Флорентино Перез, за СМС; бил подготвен да издвои 70 милиони евра.
Оваа сума е помала од она што Рен го бара за својата млада ѕвезда, 18-годишниот Едуард Камавинга.