Top Sport

Газета: Почетино им кажал „ДА“ на Јувентус

Јувентус веќе добиле потврден одговор од аргентинскиот менаџер на Тотенхем, Маурисио Почетино за да стане нивни нов тренер по заминувањето на Макс Алегри, шпекулираат италијанските медиуми, додавајќи дека за официјална потврда е потребно да се почека финалето на Лигата на шампионите, каде што Тотенхем ќе се бори со Ливерпул.

Според „Ла газета дело спорт“, спортскиот директор на Јуве, Фабио Паратичи се сретнал со двајца „посредници“ кои ги оддржуваат врските со англиските клубови и дека по позитивниот првичен сигнал, дури и Почетино се согласил на трансфер, за да добие четиригодишен договор. Британскиот „Индепендент“ исто така се согласува дека Почетино е прв избор на Андреа Ањели и управата на Јуве, но „Калчкомеркато“ тврди дека во Торино уште не се откажале од идејата да го добијат Пеп Гвардиола од Манчестер сити и покрај неговата изјава дека останува во Англија.

47-годишниот Почетино пред полуфиналето од ЛШ против Ајакс изненадувачки изјави дека ако ја освои титулата со Тотенхем треба „да се спакува и да си оди дома“ бидејќи неговата работа ќе е завршена.

Почетино неодамна при посета на Италија беше прогласен за почесен граѓанин на градчето Вирле Пиемонте во близината на Торино, од каде што потекнуваат неговите предци кои се преселиле во Аргентина.

Италијанското градче со почест за потомокот Почетино

Scroll to Top