Top Sport

„Газета“ се прашува: Како Јуве може да си приушти 125 милиони евра за Влаховиќ?

Душан Влаховиќ во следните 48 часа ќе стане фудбалер на Јувентус, по што италијанскиот спортски весник „Ла газета дело спорт“ го поставува најинтересното прашање – како италијанскиот шампион може да си приушти да даде 125 милиони евра за српскито напаѓач.

dobivaj vesti na viber

Повеќе италијански извори посочија дека договорот е вреден 67 милиони евра плус лесни бонуси кои ја креваат цената на 75 милиони евра, иста сума која беа подготвени да ја дадат и Арсенал, Њукасл, Тотенхем и Атлетико Мадрид.

Според „Газета“, заедно со платата и со сите трошоци, Влаховиќ ќе ги чини Јувентус фантастични 125 милиони евра, што е зачудувачка сума за клуб кој имаше дефицит од 210 милиони евра во сезоната 2020/21.

Нивното објаснување е дека за Јувентус ова е „неопходна инвестиција“ за да се избегне поголема загуба, како неуспехот да влезат во Лигата на шампионите, која носи 80 милиони евра од сезона. Покрај тоа, договорот може да е сличен на тој кој го склучија со Фиорентина за Федерико Киеза и со Сасуоло за Мануел Локатели со „ширење“ на трошоците на повеќе години и рати. Зголемувањето на капиталот од 400 милиони евра усвоен неодамна, ќе помогне да се исплатат долговите и ќе се обезбеди 80-тина милиони евра за трансфери.

Сепак, „Газета“ тврди дека ќе мора да се штеди на други места – ќе се понудат пониски плати на фудбалерите со кои се преговара аз нови договори, а најголема „жртва“ може да биде Пауло Дибала, кој неодамна призна дека неговите преговори со клубот се одложени за февруари, по крајот на преодниот рок.

Влаховиќ е пред трансфер во Јувентус – Во 2020 одлучил да го облече дресот на великанот од Торино

 

Scroll to Top