Top Sport

Ракометарите ја добија премијата за пласманот на ЕП

По претходно донесена одлука на Управниот oдбор, денес Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ја исплати премијата од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на Европското Првенство кое ќе се одржува во Австрија,Норвешка и Шведска 2020 година.

Македонските репрезентативци го освоија првото место во квалификациската група за ЕП во која уште се наоѓаа и репрезентациите на Исланд, Турција и Грција, со што се најде во вториот шешир за извлекувањето на групите за континенталниот собир.

Ова ќе биде шести пласман на македонските машки сениори на Европските Првенства по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016), Хрватска (2018).

Машката ракометна репрезентација на ЕП ќе настапува во Австрија (Виена) во јануари 2020 година,и ќе се натпреварува во групата Б против Австрија, Чешка и Украина.

извор/macedoniahandball.com.mk

Scroll to Top