Фудбалерот од средниот ред на Лацио, Луис Алберто е „играч“ на теренот и надвор од него, откако Шпанецот се пофали со својот нов „Емперор“ стол за видео-игри во неговиот дом, кој веднаш предизвика љубомора кај неговиот соиграч и страствен гејмер Чиро Имобиле.
Додека трае интернационалната пауза, 28-годишниот Алберто се пофали со фотелјата на која има инсталирано три монитори за целосен сараунд ефект, и која се движи според активноста во видео играта. Иако цената на фотелјата не е точно утврдена, коментаторите оценуваат дека најверојатно чини повеќе од обичен стан, иако цената на „Емперор“ достигнува до 40.000 долари.
Чиро Имобиле не можеше да се возддржи и го пофали сетапот на Алберто, иако тој не го открива својот гејмерски простор.
View this post on Instagram