Top Sport

Генералната секретарка на ФИФА: Сенегал со вештери ќе му помогне на Мане

Генералната секретарка на ФИФА, Фатма Самура вели дека нејзините сонародници од Сенегал со помош на вештери ќе се осигураат Садио Мане да биде подготвен за Светското првенство во Катар и покрај неговата повреда при 6:1 победата на Баерн Минхен над Вердер во вторникот.

Баерн потврди дека Мане ја повредил десната фибула и дека нема да игра против Шалке во сабота, објаснувајќи дека се во контакт со Сенегалската фудбалска федерација. Се очекува тој да биде вклучен во 26-члениот состав на селекторот Алиу Сисе без разлика на неговата повреда, а Самура вели дека нејзината земја ќе направи се што е возможно да му даде шанса на Мане дда игра.

„Ќе користиме вештери. Не знам дали се ефективни, но во овој случај ќе ги користиме. Се надеваме на чудо, бидејќи тој едноставно мора да биде во тимот“, изјави Самура за „Еуропа 1“.

Scroll to Top