Top Sport

Георгина била „засрамена“ по тренинг-сесиите со Роналдо

Иако изгледа во фантатична форма Георгина Родригез признава дека се чувствувала „засрамено“ на тренинг-сесиите со Кристијано Роналдо во текот на карантинот поради корона вирусот, по што додава дека тој бил „најдобриот учител“.

Во интервју за португалското издание на магазинот „Woman’s Health“ , 26-годишната бринета која ги воодушевува своите фанови со постовите на Инстаграм вели дека на почетокот било тешко да се тренира со Роналдо во Мадеира.

„На почетокот бев засрамена да тренинирам со Кристијано. Замислете да морате да тренирате во ист простор со него. Бев навикната да тренирам дома кога тој тренираше со својот клуб за да можеме да бидеме заедно кога ќе се врати. Но, потоа сфатив колку ме мотивира и инспирира. Тој е елитен спортист и има неверојатен фокус и целосна посветеност кон фудбалот. Тренира еднаш наутро и еднаш попладне и нема сомнеж дека работи повеќе од мене. Нема споредба“, вели Георгина.

Таа додава дека првиот месец од кризата со корона вирусот ја исплашил и демотивирал, но дека откако пристигнале во Фуншал, на родниот остров на Роналдо, Мадеира, ситуацијата се сменила.

„Ја сакам Мадеира, климата е прекрасна, храната навистина посебна, а луѓето дружељубиви. Португалија е вистинско богатство“, додава Георгина.

 

View this post on Instagram

 

Con los ojos cerrados y los sueños despiertos ??

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Scroll to Top