Top Sport

Си Џеј Сапонг: Знаев дека Катаи е расист, два месеци не ме погледна во очи!

Напаѓачот на МЛС клубот Чикаго фајр, Си Џеј Сапонг вели дека воопшто не е изненаден што неговиот поранешен соиграч Александар Катаи доби отказ од Лос Анџелес галакси поради расистичките постови на социјалните мрежи на неговата сопруга Теа.

Галакси го откупија договорот на српскиот фудбалер по инцидентот со неговата сопруга, иако самиот Катаи не беше обвинет за никаков прекршок, но Сапонг вели дека минатата сезона кога двајцата беа соиграчи тој забележал „незгодни работи“.

„Се колнам дека Катаи не ме погледна во очи првите два месеци кога бев таму. Се колнам дека овој човек не ми додаваше кога бев во позиција да давам голови. Тој се наоѓа од невозможен агол, јас трчам напред и тој се обидува да шутира само да не ми додаде“, вели Сапонг.

Галакси го отпуштија Катаи по расистичките коментари на неговата сопруга

Scroll to Top