Top Sport

Георгина и Ванда во втор план, ги засени сопругата на друг фудбалер (фото)

Георгина Родригез и Ванда Нара сигурно се најпознатите во јавноста кога станува збор за сопруги на фудбалери.

Георгина со години е во врска со Кристијано Роналдо, а Ванда е во брак со голгетерот на ПСЖ, Мауро Икарди. Тие две често објавуваат провокативни фотографии на социјалните мрежи и постојано се во центарот на вниманието.

Сепак, шпанска „Марка“ денес потсети дека на прво место во оваа категорија е сопругата на Жерар Пике, познатата колумбиска пејачка Шакира.

Таа не објавува провокативни фотки и не ги покажува своите атрибути така често. Сега, сепак таа објави фотографија од летувањето и покажа дека и на 43 години има совршено тело.

Scroll to Top