Top Sport

Георгина: Роналдо не е „сонценце“ кога ќе загуби

Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез во големото интервју за неделникот „Спортвик“ на „Ла газета дело спорт“ открива дека португалската ѕвезда на Јувентус не е пријатен кога ќе загуби на натпревар, и додава дека и било срам да вежба покрај него на почетокот на нивната врска.

Шпанката е со Роналдо од 2016 година и имаат ќерка заедно, Алана Мартина, а таа ги одгледува и другите три деца на ЦР7, Кристијано Јуниор и близнаците Матео и Ева Марија. Самата Родригез стана мегаѕвезда со низа спонзорски договори и ангажмани како модел и со 23.8 милиони следбеници на Инстаграм.

„Во Торино имаме куќа со градина, каде што се играат нашите деца. Не ни недостасува ништо, а на луѓето од Торино им се допаѓаме. Секако, не одиме на шопинг поради КОВИД-19, а пред неколку години успеавме да отидеме и во кино. Кристијано е супер татко и најдобар сопруг кој можам да го посакам. Кога нема добар меч, верувајте не е сонценце. Но, го познава фудбалот и знае дека некогаш губиш. Тој секогаш се критикува, но го сака тоа што го работи. Научив многу од него и секогаш ме мотивира, иако на почетокот ми беше срам да работам покрај него. Сепак, тој е Кристијано Роналдо. Но, потоа работите се сменија“, објаснува Родригез.

Може на Јуве не му оди, но Георгина ја освојува Италија

Scroll to Top