Top Sport

Герет Бејл на гости кај Реал!

Иако огромен дел од навивачите на Реал Мадрид сакаат што е можно побргу да го заборават, останува фактот дека Герет Бејл, кога беше во добра форма беше клучен играч за „кралевите“ кој придонесе многу за европскиот успех на клубот.

Затоа, можеби не е толку изненадувачки што Велшанецот, кој по крајот на договорот замина во американскиот Лос Анџелес ФЦ, беше посебен гостин на тренингот на „кралевите“ во Калифорнија.

„Беше одлично да се видат момците! Хала Мадрид“, напиша Бејл на Инстаграм, а на фотографиите се гледа како тој се дружи со повеќе свои поранешни соиграчи, но и како е во прегратка на тренерот Карло Анчелоти.

Scroll to Top