Top Sport

Роналдо се враќа во составот на „ѓаволите“ в недела против Рајо?

И покрај сите шпекулации и барањето да замине од Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо најави дека в недела ќе биде дел од составот на „ѓаволите“ на пријателскиот меч со Рајо Валјекано, откако клубот потврди дека нема да игра утре против Атлетико Мадрид во Осло.

Повторно со активност на Инстаграм, тој одговори на шпекулациите дека нема да биде во составот ниту за мечот со Рајо, велејќи дека „Во недела кралот ќе игра!“.

Нејасно е како на ова ќе реагира клубот и новиот менаџер Ерик Тен Хаг, по состаноците кои ги имаа со него и со неговиот менаџер Жорге Мендеш на кои наводно се повтори желбата да замине од клубот. Интересно е што претходно беше најавено дека поголемиот дел од првотимците ќе добијат шанса против Атлетико (вклучувајќи го дебито на Лисандро Мартинез и Кристијан Ериксен), додека планот за мечот со Рајо беше да се игра со помладите фудбалери.

Scroll to Top