Top Sport

Стерлинг го постигна дебитантскиот гол за Челси, Несторовски заигра десетина минути

Новото засилување Рахим Стерлинг го постигна првиот гол за Челси на пријателскиот меч против Удинезе (1:3). Тој погоди во 37.минута и го зголеми водството на англискиот клуб на 0:2 откако Нголо Канте го отвори резултатот во 20.минута.

Жерар Делофеу намали до крајот на првиот дел со голот во 42.минута.

Мејсон Маунт во 90.минута го потврди триумфот, а во завршницата заигра и Илија Несторовски кој доби десетина минути на овој пријателски меч.

Scroll to Top