Герет Бејл не размислува да се откаже од договорот со Реал Мадрид, и очекува да му ги исплатат целосните 66 милиони евра за двете преостанати години од неговиот договор за да замине, јавува британскиот „Сан“.
Реал Мадрид минатото лето ја одбија понудата тој да замине во Кина (Џиангсу сунинг) со договор од милион фунти неделно, и се најдоа во незавидна состојба да имаат фудбалер кој не покажува многу голем интерес за клубот и покрај високата плата. Тој одби да отпатува за Манчестер за мечот од ЛШ со Сити и јасно е дека Зинедин Зидан не планира да му даде нова шанса.
31-годишниот Велшанец нема играно во последните осум меча на „кралевите“, но веќе порачал на соиграчите и на неговиот менаџер дека нема да дозволи да се играат со него, лут на пропаднатиот кинески договор. Тој бил подготвен да седи на клупата следните две сезони ако тоа е потребно.
Gareth Bale will STAY at Real Madrid in £60m stand-off – as payback for keeping him in 2019 | @pjcadden & @kenlawrence__ https://t.co/IqmG8i7RiV pic.twitter.com/jGalJVqXjr
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) August 8, 2020