Top Sport

Гери Медел три години во Болоња

Искусниот Чилеанец Гери Медел познат под прекарот „Питбул“ се врати во Серија А. 32 годишниот кариерата ќе ја продолжи во екипата на Болоња.

Чилеанецот на „Ренато Дал’ Ара“ стадионот се пресели од Бешикташ. Тој потпишал три годишен договор, а Болоња за него платиле два милиони евра.

Медел изминатите две сезони играше во Бешикташ, а претходно во периодот од 2014 до 2017 година го носел дресот на Интер.

Овој играч кој може да игра во одбраната и во редот за врска има одиграно 125 натпревари за Чиле, со националниот тим два пати бил шампион на Јужна Америка.

Scroll to Top