Top Sport

Скај Спорт: Смолинг доаѓа во Рома

Крис Смолинг, дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, до крајот на оваа недела би можел да се пресели во Рома, објави „Скај Спорт Италија“.

Истиот извор тврди дека Рома ќе им платат на Манчестер Јунајтед три милиони евра за едно годишна позајмица и дека во договорот нема да постои опција според која Римјаните би можеле да го откупат неговиот договор по завршувањето на сезоната.

Смолинг, во декември минатата година, потпишал договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2022 година со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.

Поранешниот англиски репрезентативец има 29 години, а во Манчестер Јунајтед пристигнал во 2010 година од Фулам.

Scroll to Top