Дел од навивачите на Ливерпул го најдоа виновникот за „колапсот“ на Ливерпул во мечот од Лигата на шампионите против Севилја – поранешниот капитен на Манчестер јунајтед Гери Невил.
Ливерпул водеше 3:0 по 30 минути игра во Севилја, пред да капутилира против шпанскиот тим и да прими три гола во еден од најневеројатните мечеви во ЛШ, кој донесе многу приказни (видете подолу во линковите).
3-3 this!
— Gary Neville (@GNev2) November 21, 2017
Oh I went to bed and woke up!! ?????????????? https://t.co/OUBiVjLjbp
— Gary Neville (@GNev2) November 22, 2017
Невил едноставно на Твитер напиша „3:3 ова!“ кога изгледаше дека Ливерпул ќе стигнат до фантастична гостинска победа. 42-годишниот Невил или имаше „кристална топка“ во која ја виде иднината, или навистина добро го познава Ливерпул.