Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон го назначи Гери О’Нил за нов менаџер. Тој на функција ќе го замени Хулен Лопетеги, кој замина три дена пред почетокот на новата сезона во Премиерлигата.
Во првото коло од новата сезона на англискиот шампионат Вулверхемптон ќе игра против Манчестер Јунајтед. О’Нил ќе има многу малку време да се запознае со тимот пред премиерниот настап.
Последната работа на О’Нил беше во Борнмут. 40-годишниот стратег го напушти Борнмут во јуни оваа година.
Gary O’Neil has been appointed as our new head coach.
Welcome to the club, Gary 🤝
— Wolves (@Wolves) August 9, 2023