Top Sport

Луис Енрике прави „чистка“: Нејмар, Верати, Бернат…можат да си заминат од ПСЖ

Францускиот првак Пари Сен Жермен одлучил да прави „чистка“ на најголем дел од ѕвездите кои играа минатата сезона. Лионел Меси замина во Интер Мајами, Килијан Мбапе има несогласувања со раководството, а тренерот Луис Енрике донел одлука уште пет ѕвезди да заминат од тимот.

Бразилецот Нејмар, Марко Верати, Ренато Санчез, Хуан Бернат и Екитике можат да си побараат нова фудбалска средина. Луис Енрике смета дека тие не се вклопуваат во неговите планови за составување на тимот во новата сезона.

Нејмар и Верати делуваа незадоволно во ПСЖ и сами побараа дозвола за трансфер, па најверојатно нема да останат на „Паркот на принцовите“.

Scroll to Top